Општина Прилеп ја објави програмата за тоа кој ќе ги забавува прилепчани на дочекот на Нова Година на плоштадот.
Утрото на последниот ден од годинава предвидена е претстава за најмладите „Дедо Мраз со изгубените подароци“ и песнички за деца од „Сребрен ѕвон“.
Забавата продолжува со Давид Нешкоски Трио, DNK, и прилепскиот рок состав The Hounds.
Вечерта во 22 часот настапува Белинда, по што следува огномет, а Новата година прилепчани ќе ја започнат со песните на Суперхикс.
Општина Прилеп започна и со новогодишното украсување на градот. Се украсува централното градско подрачје односно плоштадот Mетодија Aндонов Ченто , булеварот Гоце Делчев, плоштадот Aлександрија , општинската зграда и фонтаните. Тука е новогодишната елка и различен број на светлечки украси како порти, мразулци, елкички, банери со апликации и слично.
Mакфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: