Средовечен маж додека ја изведувал кореографијата на “Gagnam style” заедно со својата жена, починал поради болки во градниот кош.
Тој бил татко на три деца. Оваа вест била прочитана на интернет најмалку 930 милиони пати. Неговата жена е сеуште во шок и во бес изјавила дека сака да го тужи Psy поради оваа трагедија.
Спотот на “Gagnam style” беше прогласен за најгледано видео на youtube за 2012-та година, а танцот секојдневно го имитираат повеќе од милион луѓе низ светот од деца до постари.
Дури и богатите и влијателни луѓе во светот сакаат да го имитираат танцот во гагнам стил, меѓу кои е и генералниот секретар на Обединитете нации, Бан Ки-мун, кој неодамна во друштво на корејската ѕвезда Psy го изведе светски познатиот танц.
Д-р Бернард Keavney, консултант кардиолог од Универзитетот во Њукасл, изјави дека мажите кои имаат проблеми со срцето не треба да го изведуваат овој танц. Тој додаде дека болката во моментот е мала, но може да биде опасна по живот.
Можеби и овој пат корејската ѕвезда Psy ќе треба да се извини на ова семејство, како што неодамна се извини на Американскиот народ поради навредувачките зборови во своите текстови кон американската армија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.