Фејсбук останува најдобрата компанија за работа и во 2013-тата година. Оваа година се претпоставува дека ќе ја заврши со вкупни 227 милиони долари профит, што ја става на прво место за најпрофитабилна свестка компанија според американскиот магазин “Forbes”.
Оваа социјална мрежа која поврзува милијарда луѓе ширум светот, ги надмина Google i Apply и нејзиниот профит за 2012-та година е 34 отсто поголем од вкупниот профит на овие две светски компании. Фејсбук најмногу заработувачка има од мобилните апликации, кои и донесоа на компанијата профит од 150 милијарди долари. Овие бројки јасно покажуваат дека Фејсбук ќе остане на врвот за најдобри компании за работа и во годината што следува.
Изненадувачки е што светскиот пребарувач Google, е на шестото место за најдобра комапнија за работа во 2013-тата година. Најверојатно оваа компанија ќе ја заврши 2012-та со вкупен профит од 136 милиони долари, а само во почетокот на овој месец има заработувачка од 2.74 милиони долари.
На второ место се најде американската компанија за консалтинг “Мекензи“, која гарантира успешно вработување на секој менаџер кој ќе се вработи во оваа компанија во наредната година. На оваа компанија најважен и е квалитетот и поради тоа секој нов вработен кој ќе биде дел од тимот на “Мекензи“, ќе биде обучуван како најдобро да менаџира и да привлекува што повеќе клиенти.
На трето место за најдобра компанија за работа во наредната година се наоѓа “Ривербед“, компанија за ИТ апликации кои им помагаат на други компании за полесно и побрзо остварување на работата и заработувачката. Првичните статистики за профитот на оваа компанија покажуваат дека 2012-та е доста успешна и компанијата ќе ја заврши годината со профит од 800 милиони долари. Тоа и дава голема мотивација на самата компанија да продолжи со успешната работа и да се проширува во многу други земји низ светот. Поради тоа, 2013-та е одлична година да аплицирате за работа во оваа компанија, бидејќи и престои светла иднина.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: