Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Челзи, Гери Кејхил, смета дека екипата по доаѓањето на Рафа Бенитез на клупата, стана многу повеќе компактна и тоа според Кејхил и донесе нови позитивни промени на оваа екипа.
Иако од доаѓањето на Рафа Бенитез на клупата на Челзи тој клуб забележа неколку неуспеси, сепак дефанзивецот на овој тим, Гери Кејхил, смета дека има и позитивни аспекти со работата на Бенитез.
„Од доаѓањето на Бенитез на клупата станавме компактни, тоа нам ќе ни помогне да створиме здрави темели на кои ќе можеме да постигнуваме успеси во иднина. Полека но сигурно се навикнуваме на неговиот начин на работа и веќе уште сега играчите можат да одговорат на барањата на Бенитез во секунда“ изјави Кејхил.
Пронајдете не на следниве мрежи: