Ето: Меси, па ти си Господ!

Некогашниот напаѓач на екипата на Барселона, моментално член на руски Анжи, Семуел Ето, премногу го цени аргентинецот Лионел Меси.

Лионел Меси ги импресионира сите искрени љубители на фудбалот со својот голгетерски учинок во 2012-тата година, а еден од оние кои можеби најмногу упати пофалби до него е секако некогашната ѕвезда на тимот на Барселона, Семуел Ето.

„Меси е Господ! Неверојатно добар фудбалер, а уште подобар како човек. Се надевам дека и со Аргентина ќе освои титула светски првак, бидејќи во кариерата само уште тоа му останува. Го познавам уште кога беше сосема мал и сега можам да му посакам се најубаво, затоа што е навистина добар човек“ изјави Ето.

Пронајдете не на следниве мрежи: