Капитенот на екипата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, се присети на времињата кога Барселона во својот тим имаше само неколку фудбалери од младинските категории па моментално нивни тврдења дека не им биле потребни странци ги нарече смешни.
Репрезентативниот чувар на мрежата на Шпанија, оцени дека Барселона малку вештачки се обидува да ја продаде приказната околу тоа како фудбалерите кои стигнале во младите категории биле доволни за тој тим да бележи големи резултати.
Тоа прашање беше поставено по дуелот Леванте-Барселона каде вицешампионот на Шпанија 40 минути на теренот помина со сите единаесет играчи кои поминаа низ младинските категории на екипата на Барселона.
„Барселона не може да тврди дека створила единаесет големи играчи во своите млади категории бидејќи добро се сеќавам дека пред десетина години играа практично без ниту еден таков фудбалер“ изјави Касиљас.
Пронајдете не на следниве мрежи: