Замбискиот фудбалски сојуз ги потврди пишувањата на мадридскиот „АС“.
Како што пренесе „АС“, сеќавајќи се на фамозниот Годфриј Шитал и неговите 107 погодоци непризнати од ФИФА, бидејќи тогаш беше тешко да се провери таа остварена бројка во замбиската лига.
Но, Замбискиот фудбалски сојуз инсистира дека замбиската ѕвезда на Кабви Вариорс Литал е вистински рекордер кој во 1972-рата година постигна 107 погодоци.
„Ние го имаме тој рекорд, тој е забележан во замбискиот фудбал, но за жал не во меѓународниот. Додека целиот свет говори за рекордот на Меси и Милер, ние водиме дебата околу тоа зошто головите на Годфриј не се забележани“ изјави портпаролот на тамошниот сојуз за „Њусдеј“, и најави „борба“ за правда.
Пронајдете не на следниве мрежи: