Видео: Федерер ги изненади и воодушеви Бразилците!

Loading...

Најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер моментално се наоѓа во Сао Паоло каде игра егзибициски турнир.

Освојувачот на 17-гренд слем турнири играше против германскиот ветеран Томи Хас кога од соблекувалната истрча во дресот на бразилската репрезентација, со фудбалска топка.

Федерер и Хас си заменија неколку фудбалски потези, во кои германскиот тенисер сепак се покажа малку по-подготвен на фудбалски план, а потоа беше продолжен тенискиот меч во кој швајцарецот славеше со 2-0 во сетови.

loading...