Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Србинот Новак Ѓоковиќ и Американката Серена Вилијамс за најдобри играчи за изминатата година.
Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер на светската ранг-листа, оваа награда ја доби втора година по ред. Оваа година Ѓоковиќ го освои турнирот Австраија Опен, беше финалист на Роланд Гарос (прв пат во својата кариера) и УС Опен.
„Се гордеам со тоа што ИТФ ме прогласи за најдобар тенисер втора година по ред. Беше навистина тешко да се следат минатогодишните резултати, но задоволен сум што и оваа година освоив нов Гренд Слем Турнир, одиграв уште два Гренд Слем финалиња, и со тоа сезоната ја завршив на првото место на АТП листата“ изјави Ѓоковиќ.
„Премногу ми значи што по трет пат сум добитничка на оваа награда, беше одлично искуството да се освои турнирот на Олимписките игри, и два Гренд Слем турнири, се надевам дека ме очекува успешна и одлична наредна сезона“ изјави Серена Вилијамс.
Пронајдете не на следниве мрежи: