Дневен хороскоп за 13.12.2012 – четврток.
Овен
На работното место ви се советува да не ја превземате сета одговорност на себе, туку да си работите онака како што вам ви е својствено. Само со смирено и одлучно темпо ќе дојдете до посакуваните резултати. Кога се работи за здравјето можни се проблеми со синусите. Пожелно е да посетите лекар. На љубовно поле врската во која се наоѓате доживува кулминација.
Бик
Бидејќи сакате опипливи докази поврзани со она со што се занимавате, ќе бидете помалку незадоволни. На работното место потребно е да бидете организирани, ако сакате да испливате од проблемите кои лошо влијаат на работната ситуација. Бидејки си поставивте многу обврски сето тоа мошне лошо се одразува на вашето кревко здравје. Како совет: повеќе одмарајте.
Близнаци
Нов работен проект е на видик. Дигнавте раце од се особено ако се занимававате со некој приватен бизнис. Помошта стигнува кога најмалку очекувате. Кога се работи за вашето здравје се опоравувате од стресовите кои ги имаше во голем број. Конечно свативте дека непотребно се нервиравте. Расправијата со вашиот партнер стана секојдневна работа, бидејки врската стана монотона.
Рак
Романтичните доживувања можат да ја нарушат секојдневната монотонија. Препуштете им се на желбите. Ќе се најдете во ситуација кога емотивно ќе реагирате. Она што следниот период ќе ви поаѓа од рака е мудроста. Ќе повлекувате совршени потези кога се работи за работата. Со минимум напор постигнувате максимални резултати. Кога се работи за здравјето на удар се жлездите со внатрешно лачење, но и проблеми со килограмите.
Лав
Нешто морате да жртвувате ако сакате да дојдете до посакуваните цели. На работното место сега за сега заполовивте во мирни води. Работата ја вршите по застарен шаблон, и воопшто не се оптеретувате. Здравјето сега за сега е релативно добро. Се наоѓате во фаза на опоравување, но размислувајте за идните потези ако сакате да бидете уште поздрави и посреќни. Љубовта вашата движечка сила ве прави убаво да се чувствувате.
Девица
Пожелно е да тргенте во конкретна акција. Одговорни сте за сопствената судбина, но и за судбинaта на многумина. Затоа постапувајте внимателно. Работата тргна наопаку па тоа дополнително ве загрижува. Направивте купишта грешки па сега е тешко да ги исправите. И здравјето ви е влошено. Ќе се соочите со проблеми со уринарниот тракт или некои гинеколошки пречки.
Терезија
Тешко функционирате во хаосот во кој се наоѓате. Бидејќи со напор одговарате на поставените задачи, можни се здравствени проблеми. Потребно е да не внесувате премногу емоции во вашата работа. Ќе се најдете во ситуација кога ништо нема да ви се работи па потрудете се некако да се извлечете. Малаксалоста е последица на временските осцилации.
Скорпија
Влегувате во нов многу поповолен животен период. Овие денови ќе ви бидат исполнети со многу интересни случувања и настани. Ќе бидете задоволни со резултатите кои ќе ги постигнете на работното место, особено со материјалната сатисфакција, која ќе ја добиете од вашите претпоставени. Ве очекува и некоја прослава. Кога се работи за здравјето ви се советува да не претерувате со консумирање на алкохолни пијалоци.
Стрелец
Ќе се најдете во ситуација да се занимавате со филозофски проблеми и да повлекувате мудри потези. На работното место оваа недела ве очекуваат куп работни обврски, но бидејќи имате енергија во изобилие, успешно ќе ги завршите. Кога се работи за здравјето можни се некои ревматски тегоби или кршливи коски. Бидете внимателни, ако сакате да ги избегнете опсностите. Во љубовта ќе уживате во прегратките на вашето сакано лице.
Јарец
Работите се одвиваат рутински, што и не е така лошо. Проблемите можат да настанат ако оваа состојба подолго потрае. Тогаш ќе ви биде здодевно. Во работата ве очекува одличен период особено ако се занимавате со комуникации или работите со некои проекти. Ќе оставрите многу повеќе од очекуваното. Полни сте со енергија и во елемент сте. Ако сакате да ја задржите оваа состоба пожелно е да се занимавате со некој спорт.
Водолија
Ви недостасува стимуланс од страна за да се придвижите од мртвата точка во која свесно или несвесно пропаднавте. Во работата ве очекува средба со јавноста и успех, особено ако се занимавате со таква работа. Ќе се најдете во прекрасна атмосфера и нешто ќе прославувате. Кога се работи за вашето здравје можни се некои стомачни проблеми кои се последица од неконтролирана исхрана.
Риби
Емоциите се на преден план. На повеќето припадници на овој знак ќе им се случуваат работи поради кои нема да останат рамнодусни. На работното место што и да превеземете ке ви се чини дека е погрешно. Во што е проблемот? Да не сте малку себични. Кога се работи за вашето здравје може да се каже дека не е се совршено. Дали знаете дека сите болести потекнуваат од вашата глава?
Пронајдете не на следниве мрежи: