HTC станува ексклузивен партнер на UEFA

HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, во средата објави дека склучил тригодишен договор со кој станува официјален глобален партнер и снабдувач на телефони за UEFA Лигата на шампиони и UEFA Лигата Европа.

Партнерството започнува   во јануари 2013 година и го става HTC во центарот на две од најелитните фудбалски натпреварувања во светот, овозможувајќи му да испорача нови и иновативни начини за фановите ширум светот да бидат поблиску до акцијата. Без разлика дали се на стадион и ја следат играта, или ги гледаат содржините на уред на HTC, фановите ќе можат да го споделат секој момент.
„Фудбалот предизвикува толку многу страст ширум светот; ние сме возбудени што стануваме партнери со еден од водечките спортски брендови во светот,“ изјави Питер Чоу главен извршен директор на корпорацијата HTC. „Тесно ќе соработуваме со UEFA со цел на сите фанови да им понудиме фудбалски искуства, како и да обезбедиме побогато мобилно искуство во целост.“
Ова партнерство ја комбинира традицијата на HTC во работење со глобалните лидери во светот на музиката, фотографијата, дизајнот и спортот со интересите и предметите на културна пасија на корисниците од целиот свет.
„Задоволство ми е да му посакам добредојде на HTC во семејството на UEFA Лигата на шампиони и UEFA Лигата Европа. Преку ова партнерство UEFA и HTC ќе го промовираат европскиот клупски фудбал пред публика од целиот свет и ќе донесат нови можности за нашите фанови да се вклучат во натпреварувањата. Ја цениме поддршката и посветеноста на HTC и очекуваме нивната вклученост во овие натпреварувања да го унапреди профилот на нивниот бренд на глобално ниво“, изјави Џанини Инфантино, генерален секретар на UEFA:
Како дел од партнерството со UEFA Лигата на шампиони и UEFA Лигата Европа, HTC ќе биде и Официјален глобален партнер и снабдувач на смартфони за UEFA Super Cup Final во 2013 и 2014, и UEFA Women’s Champions League Final во 2013, 2014 и 2015.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: