Според британскиот таблоид The Sun, на хуманитарниот концерт за жртвите од ураганот Сенди, за прв пат после 20 години, заедно на сцената ќе настапат Нирвана, а славниот Курт на сцената ќе го замени музичар што сигурно не сте го очекувале.
Имено, на Дејв Грол и Крис Новоселич, на сцената ќе им се придружи Сер Пол Макартни. Тие заедно ќе изведат и нова песна, што тројцата ја работеле изминатиот период далеку од очите на јавноста.
Соработката почнала со обичен телефонски разговор меѓу фронтменот на сегашните Foo Fighters и Пол Макартни, кој довел до средба и идеја за заедничка песна и настап.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: