Ен Хатвеј го покажа меѓуножјето: Многу ми е срам!

Loading...

 
“Фустанот што го имав на себе беше толку тесен да одвај дишев. Плус имаше и шлиц до горниот дел на ногата… Не ни сфатив што се случи се додека папараците не почнаа лудачки да ме фотографираат. Видоа се, можев комотно да излезам од автомобилот и да го кренам фустанот, ќе беше исто.” – изјави Ен Хатвеј.
 
Таа на премиерата на нејзиното најново филмско остварување Клетници во Њујорк остана засрамена додека излегуваше од автомобилот. Таа ги симна двете нозе на тротоарот и во тој момент сите присутни забележаа дека актерката не носи долен веш под фустанот што го дизајнираше Том Форд.
 
Своето меѓуножје до сега го покажаа Бритни Спирс, Линдзи Лохан, Парис Хилтон и ним слични, но никој не го очекуваше ова од префинетата Ен Хатвеј.
 
Но и да не го покажеше интимниот дел од телото, таа ќе беше приметена на премиерата благодарение на тесниот фустан и садо мазо потпетиците што ги искомбинира со него.
 

 

 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 

loading...