Порано беше многу едноставно. Ќе запознаеш дечко, ќе размените броеви и ќе одите на кафе – готово. Денес интернетот ги комплицира работите. Иако сме зависни од него и го сакаме, сепак ќе биде полесно да живееме без овие работи.
Гуглање на идниот дечко
Порано за дечкото можевме да дознаеме се што тој ќе ни каже, а денес преку гугл можеме да дознаеме се за него. Каде е роден, кога, какви оценки имал во школо и на факултет… Овој начин на шпиунирање е до некаде забавен но истовремено и застрашувачки. Фактот дека може и тој тебе да те гугла на интернет не е воопшто интересно ниту романтично.
Демнеење на фејсбук
Порано не знаевме каде ни е дечкото и со кого, а денес се тоа ни е сервирано на чинија. Опцијата check – in ни кажува се, исто како и тагнатите фотографии со локација и што правиме и со кого. Понекогаш тоа добро ни доаѓа а понекогаш е подобро да не ни знаеме.
Контра
Не заборавајте, како што го “следите” и “демнеете” вие него, така е слободен и тој да го направи истото. Тој е само еден клик одалечен од твојот фејсбук профил на кој се допишуваш преку статус со поранешното момче, или флертот со некој друг.
Постојан пристап
Порано можеше да го исклучиш мобилниот телефон и да кажеш дека не си дома, но денес сме во постојана врска со сите преку друштвените мрежи. Тоа значи дека твојот дечко може да те исконтактира преку меил, фејсбук, myspace, другиот меил, месинџер… Понекогаш сакаме да избегаме од сите а со интернетот тоа воопшто не ни е лесно.
Се се гледа
Секоја ваша кавга, секој пат кога ќе си пратите нешто на ѕид или во коментар имате публика. Оваа опција е можеби идеала за паровите кои сакаат публика во врската, но за повеќето ова е премногу. Исто така, константно сме бомбардирани со стауси и изјави кои треба да останат приватни.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: