Секоја песна не потсетува на некоја наша драга личност. Понекогаш тоа ни предизвикува насмевка на лицето, но понекогаш не тера да плачеме.
Љубовните маки се најчести во животот на луѓето, па така и љубовните песни. Тие предизвикуваат горко-слатка реакција додека ги слушаме. Луѓето плачат на љубовни песни бидејќи мелодијата и текстот предизвикуваат враќање на спомените во мозокот, кои во реалноста додека сме зафатени со нешто друго ги закопуваме длабоко и забораваме на нив. Но, љубовните песни ја имаат таа моќ да ги натераат тие наши љубовни спомени да испливаат на површина и да предизвикаат некоја солза во нашите очи.
Постојат таканаречени плачливи балади кои имаат посебно место во нашите срца. Тоа се песни кои можеби не не поврзуваат со сегашниот или поранешниот партнер, но во секој збор од нивните текстови се пронаоѓаме себе си и нашата ситуација со партнерите.
Понекогаш и самиот глас на некој музичар ни предизвикува морници низ телото и не допира емотивно.
Научниците, појавата на солзи во очите при слушање на некоја љубовна песна, го објаснуваат како лачење на хормонот за плачење и тага. Кога ќе почувствуваме некој вид на болка во градите и кога ќе кажеме “срцето ме боли“, во тој момент сите спомени ни се враќаат во глава и започнува лачење на хормонот на тага кој може да предизвика море од солзи.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.