Одкако излегоа шпекулации, Дадо Полумента ја ожени својата девојка Селма Мекиќ
Они двајца се, според пишувањето на еден српски портал, венчале во Нов Пазар во присуство на пријателите и роднините. Селма е родена во 1990 година и работи како наставничка, а со Дадо наскоро се сели во Београд. И самиот пејач потврди дека се оженил, а фотографиите кои ги гледате се направени во текот на ноќта за време на свадбата.
-„Ви благодарам за честитките, искрено, од срце на сите ви посакувам да пронајдете среќа каква што ја најдов јас. Човек дури кога ќе ја пронајде својата друга половина, почнува да размислува онака како што би требало и на светот да гледа реално“, изјави Дадо и додаде дека венчавката не ја криел, но и не објавувал за неа. -„Венчавката е интимен чин и би сакал околу мене во тој момент да бидат роднините и пријателите, сите наши најмили. Не сакав притисок од јавноста. Со својот избор се гордеам и мислам дека пронајдов жена која е идеална за мене“. Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Одкако излегоа шпекулации, Дадо П