Шпанскиот напаѓач од редовите на англискиот премиерлигаш Челзи, Фернандо Торес, потенцира дека доаѓањето на Рафа Бенитез за тренер на овој тим, вроди со плод кога е во прашање постигнување на погодоци од страна на Торес.
Торес постигна четири погодоци на последните два натпревари, плус еден во полуфиналето од Светското првенство кое што туку се одигра, овие погодоци го доведоа шпанецот на скор од вкупно 11 гола во сезоната.
„Рафа донесе промена во системот на играта, сега форсираме директна игра која ни овозможува да на вистински начин го искористиме потенцијалот кој го имаме на средината на теренот“ изјави Торес.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: