Топката со чип е потешка

Менаџерот на Челзи, Рафа Бенитез и дефанзивецот Гери Кејхил се пожалија на топките со кои се играат натпреварите на Светското првенство за клубови во Јапонија.

Имено, овие топки се потешки од оние со кои ’вообичаено’ се играат натпреварите бидејќи во нив е вграден микрочип со магнетни сензори, бидејќи натпреварите во Јапонија, воедно се користа за испитување на новата технолигија на гол-линијата.
„Играчите забележаа дека топките се потешки, но не се жалеа премногу. Не верувам дека тоа е некој проблем“, рече менаџерот на Челзи, Рафа Бенитез.
Разликата ја почувствувал дефанзивецот Гери Кејхил, кој смета дека новата технологија може да донесе само поситивни работи.
„Можеби топките беа пренапумпани но се навикнавме. Позитивна работа е што судиите со сигурност ќе знаат дали топката ја минала гол линијата“, изјавил Кејхил.
Фудбалерите на Челзи, очигледно префектно се навикнале на новите топки, тие во полуфиналето без многу проблеми го совладаа Монтереј со 3:1.
ФИФА во Јапонија тестира два системи: ’Око соколово’, кој веќе неколку години се употребува во тенисот и крикетот и каде положбата на топката се одредува врз основ на седумте поставени камери околу теренот и во гол мрежата и системот ’Гол Реф’ со специјални магнетни сензори околу гол мрежата и еден сензор кој се наоѓа во самата топка.
ФИФА следната година треба да ја донесе одлуката кој од двата системи ќе се употребува во иднината.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: