Маскерано: Меси е единствен!

Соиграчот на Лионел Меси во дресот на Барселона, Хавиер Маскерано, смета дека Лионел Меси е единствен фудбалер, без никакво сомневање најдобар во историјата на фудбалот.

Со головите во триумфот над Кордоба, Лионел Меси стигна до скор од 88 голови, до крајот на годината има прилика да го подобри додатно својот досегашен учинок.

Хавиер Маскерано потенцира дека неговиот соиграч е единствен играч.

„Меси е единствен! Тој е најдобар фудбалер во историјата на овој спорт. Бројките доволно говорат околу тоа. Бројката од 88 голови се споменува секојдневно, но тоа што тој го направи и бројот на головите кои ги постигна е навистина импресивен податок“ изјави Маскерано.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: