На тренерот на екипата на Реал Мадрид не му се допадна последното интервју на Икер Касиљас во кое вели дека веднаш би се обложил дека Барселона ќе биде со 25 бодови предност пред Реал Мадрид и би го освоила шпанското првенство, а со селекцијата на Шпанија ќе го освои Европското Првенство.
„Веднаш би потпишал дека Барселона би го освоила првенството со 25 бодови предност пред Реал, а дека ние ќе ја освоиме десеттата титула за шампиони во Европа“ изјави голманот на екипата на Реал Мадрид за „Ла Сехту“.
Оваа изјава веднаш се најде на сите насловни страни во Шпанија. Секако, дека и Мурињо кој премногу ги прати медиумите ја виде и прочита веќе изјавата на Касиљас.
Според неофицијални информации кои ги пренесуваат шпанските медиуми, во средата имало расправа на висок тон меѓу Мурињо и Касиљас. Португалскиот тренер смета дека зборовите на Касиљас не одговараат за еден капитен на екипа како Реал Мадрид.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: