Федерер: Меси и јас докажавме дека и добрите момци можат да успеат!

Швајцарецот Роџер Федерер со пофалби за најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси во интервју за аргентинскиот спортски медиум „Оле“.

Роџер Федерер смета дека тој и Меси се совршен пример од изреката „добрите момци не завршуваат секогаш последни“.

„Меси и јас покажавме дека во поглед на тоа што сме добри момци, дека можеме и да бидеме успешни. А секако, можеме и да уживаме во животот“ изјави моментално вториот тенисер на светот.

Федерер додаде дека е невозможно да се споредува неговиот статус со оној на Лионел Меси и Диего Марадона во поглед на спортската големина.

„Не можете да ме споредувате со Меси и Марадона, но благодарен сум и горд на тоа што ме споменуваат во тоа друштво. Марадона поради својата особеност и начин на кој играше се истакна во местото во историјата. Меси и јас сме во слична ситуација, направивме премногу работи, имаме уште многу да направиме“ изјави Федерер.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: