Шпанскиот пилот на Ферари во светското Формула 1 првенство, Фернандо Алонсо, откри на кој начин следната година неговата екипа ќе се обиде да го подобри перформансот.
Алонсо му избега шампионската титула за само три бодови (281-278) а титулата отиде во најмладиот трикратен светски првак од Ред Бул – Себастијан Фетел.
Шпанецот верува дека тој би бил светски првак доколку неговата екипа користела пропусти во правилникот, кои ги користеа некои други екипи во текот на Светското Првенство.
„Минатата сезона имаше неколку ситуации во кои некои од екипите беа на работа на кршење на праивлата. Ферари тоа не го сакаше“ изјави Алонсо.
„Мораме да бидеме искрено пред самите себе. Правилата се јасни, но понекогаш мораме да бидеме на работа на кршење на правилата за да бидеме рамноправни со другите екипи“ беше коментарот на Алонсо.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: