Томашевиќ ја однесе Србија во 1/2 финалето на ЕП во ракомет

Репрезентацијата на Србија е последниот финалист на 10-то Европско првенство во ракомет за жени.

Српските ракометарки, во натпреварот од третото коло, во Група 1, забележаа победа над Франција со 18:17 (10:6), со што неважен го направи последниот натпревар од оваа група помеѓу Норвешка и Данска.
Србија до полуфиналето ја однесе извонредната голманка Катарина Томашевиќ, која натпреварот го заврши со 18 одбрани, од кои две беа во последните 90 секунди од мечот.
Српските ракометарки во полуфиналето ќе играат против Црна Гора, која претходно со победата над Шпанија од 27:23 го обезбеди првото место во Групата 2. Втората полуфинална двојка ја формираа репрезентациите на Норвешка и Унгарија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: