Дневен хороскоп- 14.12.2012

 

Вашиот дневен хороскоп за 14. 12 2012

 

ОВЕН

Здравствените проблеми се само последица на гладување или претерување. Бидејќи веројатно сте се опаметиле, почнете со диетата. Мора да јадете редовно, но малку. Емотивните заблуди се последица на погрешните постапки и неможноста да се приспособите на материјалната ситуација.

БИК

Бидејќи се' уште не решавате круцијални проблеми, се нервирате. Дали сте размислувале за тоа дека негативниот став влијае врз убавината? Уште само два-три дена ќе бидете под лошо планетарно влијание што ја кочи реализацијата на извесни планови, па затоа не паничете. Дружете се колку што можете повеќе!

БЛИЗНАЦИ

Чувствителни сте, па обидете се во тоа да ја најдете причината за несоницата, нерасположението и нервозата. Бидејќи умеете да си го осмислите животот, вистински момент е тоа да го направите денес. Занимавајте се со работи што ги сакате, дружете се со лица што ви годат. Се' ќе биде побезболно и поедноставно.

РАК

Иако немате причина за незадоволство, тоа е посилно од вас. Дали сте размислувале за семејството? Треба да го прифатите такво какво што е. Оптоварени сте со нереални стравови, па не го гледате тоа. Не исцрпувајте се со претерана работа, зашто склоноста кон нервоза е нагласена. Бидете објективни и попрактични.

ЛАВ

Многу припадници на овој знак имаат емотивни проблеми, проследени со љубоморни сцени. Кој ви е виновен кога не знаете да се поставите. Погрешните постапки водат кон страдање. Можеби една од причините е проблемот со жлездите? Чувството на осаменост е неизбежно.

ДEВИЦА

Барем вам ви е лесно. Летате на крилјата на фантазијата додека животот пред вас незабележливо минува. Нешто имате помешано, па сте го заборавиле она што ви е најнеопходно – да пливате. Можеби ќе се потсетите и ќе почнете попрактично да размислувате. Преземете нешто поконкретно на планот на уметноста. 

ТЕРЕЗИЈА

Минувате низ душевна криза. Се чувствувате болно и осамено. Најверојатно е дека навистина сте болни и осамени, но што имате направено за да не дојде до тоа? Бидејќи сакате се' и веднаш, бавниот развој на настаните никако не ви оди од рака. Наследени тегоби од ревматски тип и болка во забите.

СКОРПИЈА

Бидејќи сте во романтична фаза, ви годат несекојдневни работи, пред се': уметност, афери и љубов. Во врска со тоа се јавува и отсуството на чувството за реалност, па така доаѓаат и грешките. Ви се нудат две можности: да се олабавите и да уживате без оглед на последиците или нешто.

СТРЕЛЕЦ 

Вложувате големи напори, но постигнувате и адекватни резултати. Ви годи слободата на мислење, комбинирана со независни акции. Бидејќи повеќето припадници на овој знак не се задоволни со партнерот, вистинско време е да донесете конечно решение. Зошто да трпите нешто што е невозможно да се исправи?

ЈАРЕЦ

Можни се ненадејни напади на нервоза, без видливи причини. Бидејќи често се случува тоа, обидете се да ја препознаете состојбата и да ја ублажите. Релаксирајте се, одете на фризер или закажете масажа. Доколку се сконцентрирате на здравјето, само ќе го засилите проблемот. Направете големо чистење. 

ВОДОЛИЈА

Остварувате деловен успех или размислувате за него. Добро сте расположени, разговорливи и ведри, па ги примате исклучиво пријатните работи. Ве очекуваат многу интересни случувања во врска со уметноста и ораторството. Во односите со околината често глумите, па другите тешко препознаваат кога не го правите тоа.

РИБИ

Патувањата, слободата, независноста во мислењето – прават да го постигнувате тоа што сте го наумиле. Се советува смиреност при носењето на одлуките што се однесуваат на љубовниот живот. Дозволете другата страна да повлече потег. Веројатно ќе успее, иако е особено несигурна? Паметни сте, па така ќе ја пребродите кризата.

Пронајдете не на следниве мрежи: