Новиот Усеин Болт има 12 години

James Gallaugher, има 12 години и е од Австралија. Неговиот прекар е новиот Усеин Болт. За да ви стане појасно можете да го погледнете видеото подолу…

 

Имено Џејмс, секогаш трча 20 метри пред останатите. Тоа се покажа и на Шампионатот во неговото училиште. Џејмс е од Уладула, и неговиот рекорд е 11.7 секунди на 100 метри, а според Еуроспорт, тој би можел да биде победникот на Олимпијадата во 1896 година. Тој е најбрз за неговата возраст, гледано во светски рамки. 

 

Се чини дека Џејмс е уникатен. Неговиот тренер, кој го земал под своја закрила пред неполна година, вели дека со почетен тренинг, тој бил на чекор да ја освои Австралијанската Национална Лига. 

Тој има се што му е потребно, тргнувајќи од неговите нозе и целосната конструкција, за да може да трча брзо и без некаква посебна техника и вмешување.

Пронајдете не на следниве мрежи: