Хумано и бизарно; жена дои тигар

Хила Хатеј (40) од Мјанмар, сопруга на еден од вработените во зоолошката градина, ја превземала грижата за две мали тигарчиња на кои им е неопходно мајчино млеко. 

Малите тигарчиња се одвоени од нивната мајка, бидејќи таа го убила третото младенче. Хила планира овој хуман акт да го прави, се додека на малите  не им пораснат заби. 

 

Експертите предупредуваат дека овој хуман чин, всушност и не е од некаква помош. Млекото на луѓето значително се разликува од млекото на животните. На пример, кравјото млеко има околу 5% масленост, додека човечкото припаѓа меѓу слатките млека. Доколку тоа се спореди со млекото на тигарот, тогаш недостасуваат многу маснотии и протеини. 

 

Човечкото млеко може само да го забави развојот на тигарот. Тие нема да добијат на тежина онолку колку што им е потребно, а постои и опасност дека ваква врста на храна може да влијае на нивното израснување во иднина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: