Женски коментари од кои им се крева косата на мажите

Мажите се доста чувствителни за одредени прашања кои ги поставуваат жените. Дури и кога станува збор за некаква шега, мажите може да ја сфатат буквално, бидејќи темата на шегата не им се допаѓа.
Затоа обрнете внимание на овие неколку прашања и доколку сакате да се шегувате, сепак не е пожелно да ги користите.
“Види трудница“!
Бебињата се навистина слатки и сите ги сакаме, но понекогаш треба да знаеме во кој момент од врската или бракот да ги спомнеме и дали е соодветен период за таа тема. Вашиот партнер може да сака дете, но психички да не е сеуште подготвен за тој чекор, затоа внимавајте кога изјавувате вакви коментари или кога сте решени да ја започнете оваа тема на разговор.
“Кога ќе се венчаме“?
Оваа реченица дефинитивно знае да ги изреволтира и воедно да ги исплаши. Избегнувајте вакви коментари и оставете му се на вашиот партнер. Не е важно колку долго сте во врска и дали е потребно да се венчате, важно е колку е вистинска вашата љубов и дали сте подготвени да бидете заедно до крајот на својот живот.
“Моето претходно момче“…
Ова е навистина погрешно, доколку сега сте во врска со некој друг и сакате да уживате. Во никој случај не ја спомнувајте вашата претходна врска. Тој е во минатото со причина и таму и нека остане.
“Кога ќе ме запознаеш со твоите родители“?
Запознавањето со родителите и не е баш омилена активност на мажите, посебно не ако врската ви е на почеток. Оставете да помине некое време и почекајте на вашиот партнер да изјави  дека е време да се запознае со вашите родители или вас да ве запознае со неговите.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: