Како и мажите, така и жените сакаат да бидат задоволени орално. Но, не секогаш мажите се свесни за техниките кои може да ги употребат и да направат нивната партнерка да има незаборавен оргазам.
Еве ви неколку техники како да го зачините сексот и да го зголемите нејзиното задоволство, а и вашето.
1.Задоволете ја орално во темница
Кога светлото е изгаснато, таа е повеќе опуштена и не и е срам дали ја гледате или не. Некои девојки не сакаат да бидат гледани додека свршуваат, па ова ќе биде одличен потег од ваша страна да и го зголемите задоволството и повеќе да ја опуштите.
2. Смукање
Можеби и вие го посакувате ова, но поголемиот број девојки дефинитивно уживаат кога ќе почнете да им го смукате клиторисот. Тој е чувствителен на допир и од кога девојката ќе се возбуди и навлажни, смукањето на клиторисот ќе го зголеми притисокот и задоволството и може да доведе до одличен оргазам.
3. Мултитаскинг
Девојката ќе добие поголемо задоволство и побрз оргазам, доколку правите повеќе работи истовремено. Додека сте долу, меѓу нејзините нозе, пробајте со рацете да правите кружни движења на нејзините гради. Или дадете и еротска масажа на клиторисот додека нежно поминувате со јазикот низ другите делови. Тоа дефинитивно ќе ја возбуди, а и вие ќе уживате во тоа.
4. Ладење
Додека девојката е возбудена таа е и влажна. Температурата долу е доста висока, па понекогаш е потребно да ја изладите со вашиот студен здив. Тоа ќе и ги разбуди сите сетила и задоволството ќе биде поголемо.
5. Не мора да лежите
Додека ја задоволувате орално, не мора да лежите. Понекогаш е поубаво кога таа стои, а вие сте под неа. Така таа ќе се чувствува дека ја има целосната контрола, за поголемо и повозбудливо задоволство, а и вас ќе ви се допаѓа како таа ја контртолира ситуацијата и доживува незаборавен оргазам.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.