Во моментите кога ги доживува најголемите критики, Арсен Венгер ја има најголемата мотивација да продолжи со работата на клупата на Арсенал.
Проблематично време за екипата на Арсенал, а тоа нема да го смени мислењето на Арсен Венгер дека треба да се продолжи напред.
Иако неговиот тим бележи лоши резултати и во секој преоден трансфер-период се соочува со заминување на најдобрите играчи, Венгер ужива голема поддршка кај челниците на клубот и самиот потенцира дека нема намера да си оди од овој тим.
„Крајно сум одлучен во својата намера. Гладен сум од фудбал, да не е така не би бил овде. Јас го сакам овој клуб, на нему му давам се од себе и работам најдобро што знам“ изјави Арсен Венгер.
Пронајдете не на следниве мрежи: