Двајцата некогашни стандардни фудбалери на Барселона, моментално не се прв избор на Тито Виланова што би можело да го убрза нивното заминување од клубот.
Виља се обидува да ја убеди Барселона дека се враќа во неговата препознатлива форма, по повредата.
Имено, тој според некои тврдења има време до јануари, но во овој момент е далеку од тимот, а шанса добива во се помалку значајни натпревари.
Најдобриот стрелец во историјата на Шпанија би можел да го напушти тимот за да го задржи местото во репрезентацијата бидејќи сака да игра на Мундијалот, бидејќи поради повреда го пропушти Европското.
Барселона нема намера да го продаде, но од друга страна „Марка“ пренесува дека не би му стоела на патот доколку би сакал да си замине.
Пронајдете не на следниве мрежи: