Босна и Херцеговина се откажа од учеството на Евросонг, кој следната година ќе се одржи во шведскиот град Малме.
Како што потврди за порталот Klix.ba, шефицата на делегацијата за БиХ на Евросонг, Лејла А. Бабовиќ, БиХ нема да има претставник на натпреварувањето за најдобра песна во Европа.
Причината за ваквата одлука е тешката економска ситуација во која се наоѓа босанската телевизија, но и земјата.
„На сите им е јасно дека економската ситуација е многу тешка и дека имаме сé повеќе луѓе кои немаат што да јадат. Затоа одлучивме дека би било паметно оваа година да го прескокнеме учеството на Евросонг и парите кои ги имаме да ги вложиме во нешто друго“, вели Бабовиќ.
БиХ е само една од низата земји кои се откажаа од годинашното учество на Евросонг. Нешто порано тоа го направија и Грција, Португалија, Полска и Словачка.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: