Петровски 39-ти на 200 метри градно

Македонскиот пливач Дамјан Петровски, го освои 39-то место во дисциплината 200 метри градно, на 11-то Светско првенство во 25-метарски базени, чии домаќин до 16. декември е Истанбул.

Во квалификациите во оваа дисциплина на стартот се појавија 53-ца пливачи, од кои двајца беа дисквалификувани, Петровски во конкуренција на 51 пливач заврши на 39-та позиција.
Петровски, во квалификациите имаше време од 2.18.08 минути, тој за 10 стотинки го подобри резултатот со кој беше пријавен за настап на СП во оваа дисциплина.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: