Ракометен спектакл со хуманитарен карактер во СРЦ Кале

Ракометен спектакл, со хуманитарен карактер, ќе се случи во сабота навечер во СРЦ Кале.

Под мотото Имај срце, Дарувај Универзитетот ФОН ќе го организира ракометниот натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија и тимот кој ќе биде составен од странските ракометари кои настапуваат за  македонските клубови.
Меѓу другите спонзори на овој ракометен спектакл се и ’Seavus’ и ’SEDC’, кои откупија 300 влезници за натпреварот.
Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи со следните играчи: Ангелов, Митревски, Манасков, Алушовски, Георгиевски, З.Мојсоски, Димовски, Јоноски, В.Маркоски, Н.Мојсовски, Миркуловски, М.Стоилов, Ојлески, Ф.Лазаров, Кукоски, Н.Маркоски, С.Стоилов и Милан Левов, Лазаров, Ангеловски, Ристовски, Митков, Темелков и Кузманоски.
На клупата на националниот тим ќе седи Андон Бошковски, кој ќе го замени селекторот Звонко Шундовски кој поради обврските во Констанца неможе да биде присутен на овој натпревар.
На клупата на тимот на странците ќе седи Веселин Вујовиќ, за овој тим ќе настапат: Чантурија, Станиќ, Милиќ, Мартиновиќ, Марковиќ, Абитовиќ, Драгаш, Прибак, Карачиќ, Рајковиќ, Батиновиќ, Вугринец, Лазовиќ, Ракчевиќ и Петриќ.
Ракометниот спектакл ќе биде пренесуван на Алфа ТВ, а за време на преносот гледачите ќе може да донираат средства за младото момче Боро Стаиќ, се’ со цел тој да може повторно да прооди.
Паричните средства кои ќе бидат собрани во СРЦ „Кале“ ќе одат на сметката на СОС Детско село.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: