Фалкао и Волкот прва мета на Челзи

Роман Абрамович не се откажува, јануарскиот преоден-трансфер период ќе биде прилика да додатно го засили својот тим и створи екипа која во наредниот период ќе претставува сериозен натпреварувач на фудбалската сезона.

Елиминацијата од Лигата на Шампионите нема да го предомисли Роман Абрамович кој веќе спреми пари за јануарскиот преоден трансфер период во кој, како што пренесуваат англиските медиуми, има две главни мети.

Една од желбите е секако Радамел Фалкао, одличниот Колумбиец, напаѓачот кој оваа сезона повторно е во центарот на вниманието бидејќи игра одлично и максимално ги демонстрира своите голгетерски способности.

Освен Фалкао, Абрамович планира да ја искористи проблематичната ситуација во која се наоѓа Арсенал и да го доведе Тео Волкот во Челзи.

Пронајдете не на следниве мрежи: