Волкот: Подобро Челзи отколку Ливерпул

Голема е веројатноста да Тео Волкот си оди од екипата на Арсенал оваа зима, и тој самиот веќе ги рангира клубовите кои би го посакувале во своите редови.

Во Англија премногу се говори околу Волкот, медиумите го селат и во Манчестер Јунајтед, и во Челзи, и во Ливерпул, но се се тоа шпекулации за кои нема никаква официјална потврда.

Крилниот напаѓач на екипата на Арсенал му останаа само уште шест месеци од договорот со овој тим и заминувањето во јануари е се поизвесно.

Меѓутоа, медиумите со свои шпекулации околу тоа која средина би била најдобра за него, со оглед на фактот што тој во Арсенал немаше статус на стандарден првотимец.

Финансиската ситуација во Челзи и Јунајтед е одлична, но би било навистина тешко да Волкот да се снајде и да се избори за првотимски статус, а се шпекулира дека наводно Волкот воопшто не е заинтересиран за трансфер во Челзи.

Пронајдете не на следниве мрежи: