Мурињо се сретнал со челници на ПСЖ?

Претпоставките околу заминувањето на Мурињо од Реал Мадрид на крајот од сезоната добија нов импулс откако медиумите пренесуваат дека Жозе Мурињо веќе „седнал на маса“ со челниците на ПСЖ.

Магазинот „Ле Спорт“ пренесува дека агентот на португалецот Хорхе Мендес минатиот месец се сретнал со сопственикот на ПСЖ, шеикот Тамим Бин Хамад Ал Таниј. Двоецот преговарал околу можен премин на Мурињо на Паркот на Принцевите на крајот од актуелната сезона.

Како што пренесува „Ле 10 Спорт“, разговорите биле успешни и потоа самиот шеик тајно се сретнал со Жозе Мурињо.

Меѓутоа, изворот наведува дека португалецот не е прв избор на ПСЖ, туку се споменуваат и Пеп Гвардиола и Арсен Венгер.

Пронајдете не на следниве мрежи: