Капетанот на Реал Мадрид Икер Касиљас даде интересно интервју за шпанскиот портал „Ла Сехт“, проговори околу и понатаму интересните детали од соблекувалната на кралскиот клуб.
„Дури и боксериците на Карим Бензема се гламурозни. Тоа е работа која привлекува внимание. Премногу се во боја и не можат а да не останат не-запазени во белата соблекувална. Карим е храбар дечко кога е во прашање модата“ се пошегува Икер.
Призна дека во соблекувалната постојат неколку играчи со кои најмногу се дружи, а најчесто се групираат по националност. Така премногу време заедно поминуваат Пепе, Кристиано Роналдо и Фабио Коентрао или германците Сами Кедира и Месут Озил. Овие последниве двајца се премногу молчеливи, вели Касиљас, премногу молчеливи, а најмногу зборови од Озил успева да извлече Серхио Рамос, вели Касиљас.
„Со Кристиано Роналдо би можел да отидам на одмор, ако ми биде се платено“ на духовит начин Икер го опиша неговото „пријателство“ со Роналдо.
Пронајдете не на следниве мрежи: