Лохте постави нов светски рекорд на 200 метри мешано

Американскиот пливач, Рајан Лохте, на 11-то Светско првенство во 25-метарски базени, постави нов планетарен рекорд на 200 метри мешано.Во Истанбул, извонредниот Американец, патеката ја мина со време од 1:49.63 минути, со што за 45 сотитнки го подобри претходниот свој светски рекорд.На една од најинтересните трки во досегашниот дел од првенството во Истанбул, сребрениот медал го освои Јапонецот Даија Сато, а бронзата му припадна на Унгарецот Ласло Чех. Рајан Лохте, на Светското првенство во Истанбул, досега има освоено три златни медали. 

 

Макфакс

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: