Американската полиција го идентификуваше сторителот на масакрот во основното училиште во Конектикат, но одби да го открие неговиот идентитет.
Телевизиските мрежи првично јавија дека сторителот е 24-годишниот Рајан Ланза, Меѓутоа, подоцна ја повлекоа таа информации, додавајќи дека сторителот на масакрот во училиштето, кој исто така е мртов, всушност бил 20-годишниот Адам Ланза, брат на Рајан, кој уби 26 лица, од кои дваесетина се мали деца.
Мрежата CBS го сними апсењето на Рајан Ланза кого го полицијата го привела на испитување.
Станува збор за еден од најтешките масакри сторени во некоја образовна институција во САД.
Дваесетгодишниот Адам Ланза во петокот изврши масакр во основното училиште Сенди Хук во американската сојузна држава Конектикат, според последните информации убивајќи 27 лица, од кои 20 мали деца.
Во американското општество овој грозоморен чин веднаш ја поттикна дискусијата за неопходноста да се заштитат луѓето, особено на децата, од вооружени ментално неврамнотежени убијци.
Меѓу загинатите е и Ненси Ланза, мајка на убиецот, којашто работела како воспитувачка во училиштето. Младиот напаѓач се застрелал на местото на злосторството.
Трагедијата силно го потресе американскиот претседател Барак Обама за време на неговата изјава пред јавноста по повод инцидентот. „Загинатите се на пет до десет години. Јас сум татко, и тешко ми е тоа да го замислам. Ние мора да сториме сé за да се стави крај на вооружените инциденти во училиштата..”, изјави Обама на прес-конференција во Белата куќа.
Слика од трагедијата во гратчето Њутаун, со население од 27 илјади луѓе, е толку страшна и потресна што на некои од учесниците во операцијата кои пристигнале на местото на масакрот им биле се потребни медицинска и психолошка помош.
Според New York Times, првиот повик до службата 911 за пукотници во училиштето бил примен во 09:30 часот по локално време во петокот, а пукотниците престанале околу 10.30 часот. Убиецот носел маскирно одело.
Како што забележуваат американските медиуми, тој директно стрелал кон своите живи цели. Децата и наставниците биле во паника, а учениците почнале да ги извлекуваат од зградата, дури откако стивнале пукотниците. Последниот истрел Ланза го чувал за себе, Во моментот на нападот во училиштето имало најмалку 600 деца.
Информациите за масакрот во текот на денот беа проследени со повеќе контроверзии, прво беше соопштено за само неколку ранети, а потоа за еден убиен. Според последните информации на американските медиуми, кои се повикуваат на полициски извори, жртвите на напаѓачот се 27 лица, од кои 20 деца.
Мотиви коишто го поттикнале Адам Ланза за овој крвав чин сѐ уште се непознати. Според Associated Press, тој бил примерен студент, малку повлечен, но бил посветен на субкултура, позната по својата мрачност.
Весникот Daily News тврди дека Ланза бил неврамнотежена личност која страдала од Аспергеров синдром и претставувал „темпирана бомба”, која порано или подоцна морала да експлодира.
Аспергеровиот синдром е блага форма на аутизам, при што пациентот може да има висока интелигенција, сепак, по правило има тенденција да има проблеми во социјалните интеракции со колегите, особено во детството и адолесценцијата.
Семејството Ланза живеело во престижната областа на Њутаун, каде е што живеат вработени во компаниите General Electric, Pepsi и IBM. Неговиот татко го напуштил семејството во 2008 година. Според телевизијата ABC, тој работел како заменик претседател на General Electric.
Дваесет и четиригодишниот Рајан, постар брат Адам Ланза, кого медиумите првично го идентификуваа како убиецот, соработува со истрагата, но тој рече дека во последните две години не зборувал на Адам.
Адам Ланза во училиштето дошол со два пиштола „Glock” и „Sig Sauer” и полуавтоматска пушка. Како што се испостави, целиот арсенал бил купен сосема легално.
Неговата мајка, за којашто соседите и пријатели се искажале позитивно, најверојатно била цел на нападот.
Поддржувачите на забраната за слободно купување и носење оружје во САД, една од најпознатите дебатирани теми во американското општество, повторно започна со кампања за консеквентна измена на уставот.
„Неопходна е итна акција. И порано слушавме многу реторика. Но, она што не го видовме е волјата на лидерите, ниту во Белата куќа, ниту во Конгресот. Со ова мора да се заврши веднаш. Националната трагедија бара национален одговор….”, изјави градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.
Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека прашањето за заострување на правилата за поседување оружје во земјата во врска со инцидентот во блиска иднина нема да биде дискутирано.
Во САД е веднаш прогласен а четиридневна национална жалост. Трагедијата во Конектикат е втора според бројот на жртви во инцидентот во училиштето во историјата на САД, слично злосторство беше извршено во сојузната држава Вирџинија во 2007 година, во беа убиени 32 лица.
„Гувернерот на Конектикат ќе ја добие потребната помош и ресурси во врска со овој инцидент … Ние (во Вашингтон) ќе мора да ги оставиме настрана сите политички разлики со цел да се реши проблемот со повторување на вакви инциденти” , рече претседателот Обама, говорејќи на прес-конференција во Белата куќа. Тој истакна дека во САД „премногу често” се случуваат вакви инциденти.
Во настапот директно пренесуван, Обама не можеше да ги додржи солзите, а неговиот глас трепереше, претседателот не ги криеше емоциите.
Жалење за крвавата трагедија и сочувство со американскиот народ изразија генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, шефицата на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, британската кралица Елизабета Втора, британскиот премиер Дејвид Камерон, францускиот претседател Франсоа Оланд и други светски лидери.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: