Се затвора најстара нуклеарка во Шпанија

Најстарата нуклеарна централа во Шпанија, во Гарона на северот од земјата, треба конечно да биде затворена пред 31-ви декември, шест месеци пред предвидениот датум, поради преголемите трошоци поврзани со стапувањето на сила на новиот закон за енергија во 2013 година.

Во веќе тешкиот контекст на економската криза, овој закон кој е на расправа во шпанскиот парламент воведува оданочување на производството на електричната енергија и нуклеарните горива што за „Nuclenor“ компанијата што стопанисува со нуклеарната централа во Гарона би значело „дополнителни даноци 2013 година, проценети на 153 милиони евра“, се наведува во соопштението на компанијата.

Компанијата одлучила „да порани со конечното затворање пред 31-ви декември“, истакнувајќи дека Гарона „ќе биде исклучена од електричната мрежа во 23 часот во недела на 16-ти декември“.
Додека шпанската влада даде зелено светло за продолжување на активностите до 2019 година, „Nuclenor“ во септември се откажа од барањето за обновување на дозволата и одлучи да ја затвори Гарона.
Оваа одлука ја поздравија еколозите кои ја доведуваа во прашање безбедноста на инсталациите на нуклеарката подигната во 1971 година и една од „близначките“ на јапонската нуклеарка Фукушима, која беше тешко оштетена во катастрофата во 2011 година.
Nuclenor се решил да порани шест месеци со затворањето, истакнувајќи дека предвиденото зголемување на даноците „би ги зголемиле сегашните економски загуби“ до опасност од банкрот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: