Чешка и делови од Полска под голем мраз

Чешка и делови од Полска по синоќешниот замрзнат дожд се оковани во мраз, а во Прага, властите ги повикаа граѓаните да не излегуваат на замрзнатите улици.

Овој викенд е еден од трите ударни пред Божик, кога Чесите масовно купуваат подароци и намирници за празничната трпеза.

 

Замрзнатиот дожд, според метеоролозите, ќе трае до вечерва.
Оваа метеоролошка појава ги претвора улиците во лизгалишта во поголемиот дел од Полска, додека сообраќајот на исток го отежнуваат снежни наноси.
Се вели дека долго немало толку неповолни метеоролошки неприлики поради што половината од земјата е окована од мраз, а другата половина завеана.
Состојбата се влошува поради ветрот кој дува со брзина од 40 до 50 километри на час.
Во Варшава, по улиците не се фрла сол и хемиски средства, туку задолжените решија да чистат почесто и да ги посипуваат со песок.
Од октомври кога беше првиот удар на зимата во Варшава, борбата со снегот и мразот го чинеше градот 2,5 милиони евра.
„Чистачите ќе го отстрануваат снегот од улиците почесто, а ќе ги посипуваат со песок кога ќе се појави голомразица. На тој начин ќе заштедиме околу 30 отсто за зимско одржување на патиштата“, вели Витолд Шелевиќ, претседател на варшавската општина Жолибож, каде, за проба, се откажаа од посолувањето на улиците.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: