Московјани носат цвеќе пред амбасадата на САД по трагедијата во Конектикат

Жителите на руската престолнина Москва од саботата наутро носат цвеќиња пред американската амбасада изразувајќи го своето сочувство поради масакрот од петокот во сојузната американска држава Конектикат во кој беа убиени 27 лица во основно училиште.

Московјани ги редат цвеќињата, главно рози и каранфили а има и десетици букети, на ѕидот од делот за конзуларни информации на амбасадата на САД. 

Некои оставаат и играчки што потсетува дека жртвите на безумниот напад на 20-годишниот Адам Ланза се деца на возраст меѓу пет и десет години.

Близу положеното цвеќе жителите на Москва палат свеќи, но тие не горат поради големиот студ и ветрот

.Спонтаната акција се одвива без да се предизвика публицитет пред амбасадата, оние кои сакаат да изразат сочувство го положуваат цвеќето и набрзо си заминуваат.

Жртви на 20-годишниот напаѓач во основното училиште во гратчето Њутаун според последните информации се 27 лица, 20 од нив се мали деца, а наводно убиецот својата мајка којашто работела како воспитувачка во училиштето ја убил во нивниот дом. Убиецот се самоубил на местото на масакрот. Во САД по повод оваа трагедија прогласена е четирдневна жалост.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: