Последните француски борбени единици ја напуштија во саботата авганистанската престолнина Кабул две години пред конечното повлекување на меѓународните сили од Авганистан.
Приближно 200 војници од 35-от пешачки полк од Белфорт со авион заминаа во саботата наутро, дознава AFP од извори од аеродромот во Кабул.
По три дена што ќе ги минат на Кипар, француските војници треба на 18-ти декември да се вратат во татковината.
Франција има уште 1.500 војници во неборбените единици во земјата, и тоа се инструктори и припадници на логистиката, сместени во прв ред во Кабул, покрај воени лекари и друг персонал.
Франција во одредени фази од меѓународната мисија во Авганистан имаше и до четири илјади војници и имаше досега 86 жртви.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: