Жена заробена во снегот, снимила проштална порака за децата

Пола Лејн (46) и нејзиното момче Родерик Клифтон (44) со својот џип заглавиле во речиси два метри снег. Тој заминал да побара помош и починал, додека таа во очај се одлучила да се збогува со нејзините синови по пат на видео снимка. Додека ја снимала снимката за нејзините 11 годишни синови-близнаци, нејзиниот брат ја пронашол и ја спасил. 

 

Парот првата ноќ биле заедно во возилото, но Родерик, иако Пола се обидувала да го предомисли се одлучил да побара помош. Тој е пронајден мртов неколку километри од автопатот. 

 

Таа вели дека знаела дека е тоа последен пат како го гледа жив. Таа успеала да издржи 6 дена во снегот. Во возилото имале домати па се хранела со нив и со снегот. На себе немала зимска облека, па околу раката таа намотала марамчиња за да и се загреат нозете. Во еден момент таа била толку очајна, сигрна дека ќе умре, решила да им сними потресно видео на своите синови со цел да се збогува со нив. 

 

Сепак таа на крајот била спасена од нејзиниот брат и пријателите кои тргнале да ги бараат. Знаеле отприлика каде се наоѓаат, но не точно бидејќи властите не можеле да го лоцираат мобилниот телефон. Откако ја пронашле, таа веднаш била префрлена во болница, каде се опоравувала од премрзнатост и изгладнетост. Меѓутоа најтешко ќе биде психичкото опоравување. 

 

Пола, нејзиниот брат и пријателите во средата гостуваа во ТВ емисија, каде го прегледале клипот кој таа го снимила за нејзините деца.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: