Директор на една од најголемите осигурителни компании во Германија, пријавил дека е нападнат, но по истрагата се дознало дека тој се избодел самиот бидејќи не можел да го издржи притисокот на работа.
Синодромот ''burn-out'' стана една од главните причини за боледување во Германија, а само оваа година бројот на вакви пациенти порасна за 10%.
Седумдесетите години на минатиот век, психичката состојба на работниците беше незамислива причина за заминување од работното место. Имено само 2% од ваквите случаеви биле ослободувани и тоа со потврда од психијатар.
Меѓутоа Дојче Веле, пишува дека веќе минатата година, бројот на заболени пораснал за 13%, и од тогаш вртоглаво се зголемува.
Најновиот случај ни доаѓа токму од Германија, каде се појави случај во кој директорот на осигурителна компанија, пријавил дека е нападнат, но за брзо време се дошло до заклучок дека тој сам си ги нанел убодите со цел да добие боледување.
''Burn-out'' не се лечи со три дена лежење во кревет. Тоа не е депресија која се лечи со помош на пилули и лимонада. Постојат специјализирани програми со посебни режими, но ретко помагаат на оние на кои притисокот од работата им е преголем на долг рок.
Пронајдете не на следниве мрежи: