Харвард отвори клуб за садо-мазохизам

Универзитетот “Харвард“ реши да отвори клуб посветен на садо-мазохизам, кој ќе им помогне на студентите повеќе да се образоваат на оваа тема и да се прекинат стереотипите во врска со садо-мазохизмот.
Овој клуб предвидува навремени и точни информации за овој вид на сексуалност. Клубот ќе организира филмски проекции и дебати, а ќе обезбеди и простор каде што студентите ќе може да ги задоволат своите сродни души, но без никаков сексуален контакт од било кој вид. Студентите ќе научат повеќе за садо-мазохизмот преку теорија, а не преку пракса.
Комитетот за Студентски живот во Масачусетс, кон крајот на ноември го одбори формирањето на овој клуб и го смета за неопходно. Некои од професорите на универзитетот се против клубот за садо-мазохизам и сметаат дека тој може да доведе само негативности во образованието на студентите.
Но, иако професорите се против клубот, студентите се среќни, бидејќи конечно ќе се соочат со оваа тема, која најчесто е табу тема во многу универзитети и конечно ќе се  открие дали садо-мазохизмот е уметност во сексуалниот живот или некаков вид на болест во умот на човекот.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: