Работи кои мажите веднаш ги заприметуваат на првиот состанок

Девојките отсекогаш сакале да знаат кои се првите работи кои мажите ги приметуваат кај нив на првиот состанок.

Има неколку универзални работи, кои сите мажи во светот ги заприметуваат на првиот состанок, но едно е сигурно дека секогаш треба да бидете  подготвени кога е во прашање изгледот и првиот збор кој ќе го кажете при првата средба.

1. Слатко лице

Факт е дека, девојките со слатко лице и насмевка веднаш ги привлекуваат мажите. Но, никако не си дозволувајте себе си да имате лажна насмевка, бидејќи партнерот со кои сте излезени може да го запримети тоа и може да го сфати како навреда. Слаткото лице и насмевка, ги покажуваат првичните карактеристики на една девојка-искреност, нежност и самодоверба.

2. Убаво тело

Момците низ светот ќе се согласат дека девојка со убаво и згодно тело, секогаш ќе им падне во очи. Тие сакаат кога девојките имаат одлично обликувано тело и тоа го покажуваат преку својата облека. А доколку девојката изјави дека вежба и на тој начин се грижи за своето тело, тоа уште повеќе може да ги возбуди мажите и да ги натера по секоја цена да ја освојат таа девојка.

3. Дали таа се дружи со повеќе момци или девојки?

На мажите им значи дали девојката со која се на прв состанок се дружи повеќе со момци или девојки. Доколку има повеќе другарки, тоа е плус за другарите на дечкото, но доколку има повеќе другари, тоа може да предизвика љубомора и недоверба кај дечкото.

4. Очила

На првиот состанок, мажите забележуваат дали девојката носи очила или не. Доколку девојката е со очила, тие претпоставуваат дека таа е мила, тивка, носталгична, интелегентна, но и со пониска самодоверба од останатите девојки. Тие претпоставуваат дека таа забележува ситници, а ужива во друштво со добра книга.

5. Погледи

Многу момци го забележуваат првиот контакт со очите. Доколку девојката го гледа во очи додека зборува, тоа им покажува дека таа има силен карактер и тоа уште повеќе ги тера да се заинтересираат за неа. Понекогаш контактот со очите може да предизвика сексуално привлекување и доколку се реализира може да доведе до луд и незаборавен секс од двете страни.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: