Упатство за употреба на клиторис

Поради нервните завршетоци во горниот лев дел на клиторисот, најдобро е да го стимулираме со кружни движења. Меѓутоа, дали сексот ќе биде добар зависи повеќе од анатомијата, не толку од техниката.

Според анатомијата на телото, во сексот не реагираат сите луѓе исто, твдат експертите. Како што сме сите различни на висина и тежина, така и пропорциите, длабочината и широчината на нашите интимни подрачја се различни. Тоа е причината поради која сексот со партнерот кој има добра техника може да биде лош.

 

Левата страна е поосетлива

Иако целиот клиторис е преполн со нервни завршетоци, горниот лев квадрат е најчувствителен на допир, покажале студиите. Се смета дека поради тоа и стимулацијата на клиторисот е најугодна стимулација на клиторисот со кружни движења кои завршуваат на неговиот врв.

Игри без граници

Не е мит дека жените може да доживеат безброј оргазми, тврдат експертите. Тие откриле дека не постои ограничување на бројот на оргазми кои жените може да ги постигнат додека се сексуално стимулирани, иако таквите интензивни активности може да предизвикаат отеченост и пецкање на вагиналното подрачје. За разлика од мажите, на жените не им е потребно опоравување по оргазмот, а времето помеѓу секој нареден само се намалува.

Сите се поубави после секс

После секс се зголемува количината на женскиот полов хормон – естроген во крвта, поради што косата изгледа посјајно, кожата помазна, а очите поголеми и побистри.

За време на овулацијата жените сакаат повеќе секс од мажите

Благодарение на природното влијание на вишокот машкиот хормон тестостерон во крвта, жените за време на овулација (Овулација е процесот во менструалниот циклус со кој зрелата фоликула пука и исфрла јајце-клетка во јајцеводот) се повеќе расположени за секс. Исто така, тогаш е подобра и циркулацијата на крвта до гениталните подрачја, што го олеснува постигнувањето на оргазмот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: