Голманот на Ливерпул потенцира дека неговите добри партии доаѓаат, со оглед на тоа дека е тежок период на почетокот од сезоната.
Во последно време се пренесуваа разни шпекулации околу заминување на Реина во Арсенал, но во клубот ги демантираа тие пишувања околу таа можност, потенцирајќи дека Шпанецот е прво решение на Брендон Роџерс.
Триесетгодишниот голман пропушти седум натпревари од почетокот на сезоната поради повреда, а на голот го менуваше Бред Џоунс.
„Моментално сум во одлична форма. Претходните сезони бев лут на себе во неколку наврати. Меѓутоа, тргнав од нула, тренирам максимално, се чувствувам се подобро и верувам дека моите најдобри партии сега доаѓаат“ изјави Реина.
Пронајдете не на следниве мрежи: