Берлускони: Милан ќе си биде оној стариот…

Претседателот на Милан вети дека во рок од три години Милан повторно ќе биде гордост на Италија во целиот свет.

Поранешниот тренер на Италија, Силвио Берлускони одржа говор по повод прославата 113 години од основањето на Милан.

Тој, меѓу останатото, говореше околу клубската политика, трансферите и плановите за во иднина.

„Ова е ден кога се потсетуваме на убави времиња. Сега сме во ситуација кога ни е неопходно трпение, за да тие денови се случуваат и во иднина“ вели Берлускони.

„Го имаме суперталентот 15-годишниот Хашим Мастур кој веќе од следната сезона би можел да настапи за првиот тим, тука е и Мбаје Нианг, наследникот на Балотели, дури ја носи и истата фризура, што ќе ни го Балотели кога го имаме него…“ изјави Берлускони.

Пронајдете не на следниве мрежи: